Јувентус повторно успеа да ги разочаран своите навивачи, откако Сасуоло успеа да стигне до спектакуларна 2:1 победа на нивниот „Алијанц стадион“ со гол во 95. минута, оставајќи ги „бјанконерите“ на далечни 13 поени зад Милан по 10 кола во Серија А. Во другите мечеви, Аталанта се врати на победите со 2:1 триумф кај Сампдорија, додека Верона во финишот извлече 1:1 реми со Удинезе.
Давиде Фратези во 44. минута од мечот ја круниса одличната акција на фудбалерите на Сасуоло за молк во Торино, по што во текот на целото второ полувреме, тимот на Масимилијано Алегри беше во офанзива. Во 76. минута израмнување донесе Вестон Меккени со одличен удар со глава, но до крајот на мечот, Јуве не дојде до победнички гол, пред во 95. минута да го остават Максим Лопез сам и тој да ги казни за победа за сеќавање.
Maxime Lopez qui offre la victoire à Sassuolo à la 94’ minutes face à la Juventus ! pic.twitter.com/KB8QqIgoLz
— Glophar (@Glophar) October 27, 2021
Во Џенова, акцијата на мечот се случи во првите 20 минути – Самп први дојдоа во водство преку Капуто во 10. минута, седум минути подоцна си постигнаа автогол за 1:1, пред Дуван Запата во 21. минута да го комплетира пресвртот на Аталанта.
СЕРИЈА А, 10.КОЛО
Јувентус – Сасуоло 1:2
Сампдорија – Аталанта 1:3
Удинезе – Верона 1:1