Шкупи останува со седум поени предност по 12. коло во македонската Прва лига, откако главните ривали Ренова и Академија Пандев успеаја да освојат само поен, со кој се задоволи и шампионот Шкендија по ремито со Тиквеш.
Ренова на „Автокоманда“ одигра само 0:0 со Скопје, а и Академија Пандев на гостувањето кај Струга не успеа да освои поени со идентични 0:0.
Шкендија имаше водство од 1:0 преку Рамадани во првото полувреме против Тиквеш, пред Мирковиќ да израмни во 83. минута од мечот.
ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО
Борец – Работнички 0:1
Скопје – Ренова 0:0
Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 0:2
Шкендија – Тиквеш 1:1
Струга – Академија Пандев 0:0
Фото: ФК Шкендија
Standings provided by SofaScore LiveScore