Тренерот на Рома, Жозе Мурињо повторно мораше да ги „пецне“ Јувентус, откако нивниот пенал во вчерашната победа над Зенит мораше да биде повторно изведен со интересен пост на Инстаграм.
Мурињо уште е лут за 1:2 домашниот пораз од Јуве, во кој обидот на Жордан Верету од пеналот беше одбранет од Војчех Шчесни. Во Рома сметаа дека пеналот мора да се повтори поради прераното влегување во шестнаесетникот на Џорџо Кјелини, кој потоа ја „исчисти“ одбиената топка.
Од друга страна, Јувентус добија шанса двапати да го изведат пеналот против Зенит, откако во првиот обид Дибала го утна голот. Во повторениот обид, Дибала беше прецизен.
„Еден од нив повторно се изведен, еден не… Погодете кој“, напиша Мурињо.