Новак Ѓоковиќ по шестипат е победник на Мастерс тенискиот турнир во Париз.
Српскиот тенисер со пресврт со 2-1 (по сетови 4:6, 6:3, 6:3) го совлада Русинот Данил Медведев и на тој начин колку толку му се реваншираше за поразот во финалето на САД опен.
Така Новак стигна до 37-мата Мастерс титула во серијата 1.000 во кариерата, па сега е сам на врвот со една титула повеќе од Рафаел Надал.
Што се однесува до финалниот меч во Париз кој траеше 2 часа и 15 минути, во првиот сет Русинот освои два поени на сервис на Ѓоковиќ, во првиот и во седмиот гем.
Сепак, Ноле во вториот сет заигра поангажирано, па со еден брејк, во четвртиот гем успеа мечот да го однесе во трет, решавачки сет.
Тука, беше егал се до 2-2, но тогаш Ѓоковиќ рутинирано зема сервис на противникот, а до крајот уште двапати направи брејк за голема победа во „градот на светлината“.