Тренерот на Рома, Жозе Мурињо одби да ја прими саркастичната награда „Тапиро д’оро“ (Златен тапир), која ја доделуваат комичарите од „Стриша ла нотиција“ за јавни луѓе кои се нашле во незгодна позиција со „долго лице“.
Масимилијано Алегри ја прифати наградата во минатото, но дел од фудбалерите реагираа бесно кога беа „почестени“ – Рикардо Кварезма го удри трофејот од земја кога го доби како фудбалер кој возел најбргу, додека Алехандро „Папу“ Гомез го искрши кога му беше доделен по конфликтот со тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.
Мурињо има поинаква тактика – повторно избегна да ја прими наградата, слично како кога ја доби првпат како тренер на Интер во јануари 2009 година. Кога ТВ-презентерот, Валерио Стафели пристигна во тренинг-центарот на Рома, Мурињо реши да го игнорира и да влезе во автомобилот без коментар.
Roma: #Mourinho rifiuta il Tapiro d'oro di Striscia la Notizia. #SportMediaset https://t.co/TJhzdLu5Vk
— SportMediaset.it (@sportmediaset) November 10, 2021
Италијанците се подбиваат – за Ањели супер „златен тапир“ за Суперлигата!
Пирло доби „Златен тапир“ како најголемо промашување минатата недела
Сите во Италија бегаат од оваа награда – На Ибрахимовиќ му ја врачија на улица