Трката за Големата награда на Бразил би можела да биде клучна за титулата во Ф1 шампионатот откако Луис Хамилтон доби казна поради проблеми со ДРС системот.
Пред трката на „Интерлагос“, Британецот е втор во генерален пласман со 293,5 поени, дури 19 помалку од првопласираниот Макс Ферстапен, а разликата може да се зголеми со оглед на проблемите на Хамилтон пред денешната спринт трка.
Британскиот возач е дисквалификуван од квалификациите кои се одржаа вчера поради проблемите со ДРС системот, па спринт трката ќе ја започне од последната позиција. Ова е втор во низа од пеховите на Луис со оглед на тоа што веќе загуби пет позиции поради замена на моторот.
Вечерва Хамилтон ќе има 24 круга да забележи што подобар резултат пред утрешната трка.
Квалификациите започнуваат во 20.30 часот, а утрешната трка е со почеток во 18 часот.
BREAKING: Lewis Hamilton is disqualified from Friday's qualifying session for a technical infringement related to the DRS system#BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/zjgQ4WlArN
— Formula 1 (@F1) November 13, 2021