Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на вечерашната спринт-трка во квалификациите пред трката за ГН на Бразил што уште ќе се вози на патеката „Интерлагос“, со почеток од 18 часот.
Финецот уште на стартот беше одличен, па го претрка лидерот во генерален пласман Макс Ферстапен кој имаше проблеми со менувањето брзини.
Вистински подвиг направи британскиот возач Луис Хамилтон кој стартуваше како последнопласиран на денешните квалификации. Британецот напредуваше цели 15 места, па утре ќе стартува од 10. позиција.
Зад Ботас, Ферстапен ќе стартува од втората позиција, а од вториот ред во Бразил ќе тргнат Перез и Саинц.
Пред Хамилтон во поредокот се Норис, Леклер, Гасли и Окон.
The Team will not be appealing Lewis’ disqualification from Quali.
We want to win these World Championships on the race track. ? pic.twitter.com/12rD4EoDYP
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) November 13, 2021