Италијанскиот напаѓач Џузепе Роси повторно е активен фудбалер, откако потпиша договор до крајот на сезоната со италијанскиот второлигаш СПАЛ. Ова доаѓа откако Роси неколку недели тренираше со СПАЛ, а претседателот на клубот Џо Такопина потврди дека тој ќе биде дел од составот постојано.
„Тој е мојот голем проект. Играше пријателски меч минатата недела и постигна прекрасен гол. Мислам дека се чувствува добро и ќе му биде потребно малку време. Мислам дека нема фудбалер од негов квалитет во Серија Б“, изјави Такопина за „Калчомеркато“.
Со ова продолжува една од најчудните и најнесреќните фудбалски кариери за италијански фудбалер.
Тој почна со фудбалот во САД, каде што е роден и каде што играше за Њу Џерси сталионс, пред да се пресели на 12 години во Италија, каде што работеше во академијата на Парма. Роси направи трансфер во академијата на Манчестер јунајтед во 2004 на 17 години и дебитираше за „ѓаволите“ во 2004 година.
Но, по само четири гола во 14 настапи, тој замина во Њукасл на позајмица во 2006, пред да се врати во парма во јануари 2007 година. Таму се покажа неговиот талент, и тој постигна 9 гола во 19 настапи и помогна Парма да опстане во лигата, по што како играч со договор на Јунајтед, беше продаден во Вилјареал за 11 милиони евра. Тој таму имаше 136 настапи и постигна 54 гола.
34-годишниот фудбалер дебитираше за италија во 2008 под Марчело Липи и вкупно имаше 7 гола во 30 настапи, но неговата кариера беше погодена со неколку повреди, од кои дури четири повреди на лигаментитен а коленото. Првата со Вилјареал во 2011 кога беше во аут речиси две години, пред да се врати со Фиоретина во 2013 година. Во јануари 2014 повторно го повреди коленото, но сезоната ја заврши со 17 гола во 24 настапи. Целата 2014/15 ја пропушти поради повреда, по што замина во Леванте, па во Селта Виго, каде што повторно се повреди. Во 2017 година тој потпиша за Џенова, но успеа да постигне само еден гол во 9 настапи во 2017/18, за од јануари 2019 да тренира со Манчестер јунајтед и Вилјареал, пред да потпише во МЛС лигата со Реал Солт Лејк.