Од 2022 на тенисерите ќе им биде дозволено да одат во тоалет само еднаш во текот на целиот меч, и може да добијат казна доколку се заддржат премногу, одлучи АТП пред новата сезона, нешто што сигурно е направено да се спречат контроверзите со грчкиот тенисер, Стефанос Циципас.
Според повеќе извори, покрај ограничувањето од одење во тоалет еднаш во текот на мечот, тие не смеат да се заддржат повеќе од 3 минути, а покрај тоа ќе добијат пауза само на крајот на сет.
Ова е резултат на однесувањето на Циципас, кој на САД опен беше обвинет од Енди Мареј дека „мами“ со честото одење во тоалет во нивниот меч од 4 часа и 49 минути. Гркот тогаш направи долга пауза на крајот на вториот сет, и побара медицински тајмаут по крајот на третиот сет, пред во финишот на четвртиот сет да има пауза од 8 минути за тоалет и пресоблекување.
„Загубив почит за него. Дали ова е нормално? Дали е во ред? И тој знае дека не е така“, изјави тогаш лутиот Шкотланѓанец.
Во следниот меч, 23-годишниот Циципас се заддржа во тоалет повеќе од 7 минути по губењето на третиот сет од Французинот Адријан Манарино, по што беше исвиркан од американската публика.
Циципас постојано инсистираше дека не прекршува никакви правила, што нема да биде случај од следната година.
Циципас: Често одам во тоалет за да се пресоблечам, не се работи за тактика