Англиски „Independent“ пренесува вест за потенцијален фудбалски трансфер идното лето.
Манчестер Јунајтед наводно се заинтересирани за ѕвездата на Барселона, холандскиот фудбалер од средниот ред – Френки де Јонг. „Црвените ѓаволи“ со сите сили се обидуваат да најдат замена за Пол Погба чиј договор истекува налето, а според неофицијалните информации, не сака да го продолжи.
Пред само неколку дена шпанските медиуми пишуваа за можност каталонскиот клуб да го продаде Холанѓанецот и со парите од неговиот транфер да ги „закрпи дупките“ во сметките кои и понатаму се многу високи.
Барселона за Де Јонг му плати 80 милиони евра на Ајакс и тој има договор со клубот од „Ноу Камп“ до 2026 година.
Освен Јунајтед, за неговите услуги е заинтересиран и Манчестер Сити
„Daily Mirror“ пишува дека Де Јонг е по „мерак“ на Пеп Гвардиола. Сумата која Барса наводно ја бара за Холанѓанецот е околу 90 милиони евра.