Top Sport

13 заразени во Белененшеш со омикрон варијантата на коронавирусот

Португалските здравствени власти објавија дека кај 13 играчи на Белененшеш е откриена омикрон варијантата на коронавирусот. Еден играч, минатата недела се вратил од Јужна Африка.

Омикрон варијантата била откриена по натпреварот Беленешеш-Бенфика 0:7. Во саботата, Беленешеш со девет фудбалери го започна дуелот со Бенфика. Натпреварот потоа беше прекинат во 47.минута, откако во вториот дел овој тим на теренот излегол со седум фудбалери.

„Сите сме во изолација, исклучок е младиот тим кој не играше во саботата. Вкупно во карантин се 44 лица. Тројца играчи и исто толку членови на персоналот имаат благи симптоми. Чекаме здравствените власти да ни одобрат ново тестирање“, изјавил портпаролот на Белененшеш.

Пародијата предизвика големо внимание во фудбалскиот свет. Од двата клуба изјавија дека биле приморани да играат, го обвинија здравствените власти и португалската лига што не нашле доблест да го одложат натпреварот.

Scroll to Top