Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, ги израдува навивачите кои 31 час патувале за да го гледаат натпреварот на својот омилен тим со Барнли. На крајот поради лошите временски услови Премиер лигата го одложи натпреварот.
Сопружници од Далас биле разочарани од епилогот. Тие патувале 31 час за до следат дуелот на Тотенхем на „Турф Мур“ во Барнли.
На „Твитер“ ја споделиле својата приказна. Објавата ја забележал Кејн кој решил да реагира.
Капитенот ги повикал да бидат негови гости на наредниот натпревар во Лондон. Ветил дека ќе им ги покрие трошоците и дека ќе уживаат на стадионот на Тотенхем во северен Лондон.
Just been sent this tweet and absolutely gutted for you! For your commitment and to make up for the match being called off I’d like to invite you to a home game as my guest when you’re next in London ? https://t.co/wB3c8c40HN
— Harry Kane (@HKane) November 28, 2021