Top Sport

Мајорка среде Мадрид го сруши шампионот Атлетико

Шокантен пораз доаѓа вечерва од Шпанија.

Актуелниот првак во Ла Лига, Атлетико Мадрид на својот „Ванда Метрополитано“ доживеа неочекуван пораз од екипата на Мајорка со 2-1.

Избраниците на Диего Симеоне иако имаа водство, во судиското надополнување од мечот беа нокаутирани од противникот.
По мирното прво полувреме, Атлетико дојде во водство од 1-0 со голот на Куња во 68 минута.

Сепак гостите не се предадоа, па преку Русо во 80 минута стигнаа до израмнување.

Статистиката апсолутно беше на страната на фаворитот на овој меч, но тоа не му пречеше на Такефуса Кубо во 91 минута да не ги замолчи 51.000 фанови на „црвено-белите“ со погодокот на гостински триумф од 2-1.

По овој пораз Атлетико останува на четвртата позиција на табелата со 29 бода, дури 7 помалку од лидерот Реал Мадрид.

Мајорка, пак, сега е на 12-тата позиција со 19 поени.

Scroll to Top