Top Sport

Голем удар за Портланд, Мекалум ќе отсутвува подолг период

Портланд на неодредено време ќе бидат без Си-Џеј Мекалум. На кошаркарот му бил дијагностициран пнеумоторакс.

Магнетната резонанца открила дека Мекалум има проблем со десното белодробно крило. Мекалум ќе мора да биде опериран.

Портланд објави дека Мекалум го чека подолга пауза.

Од почетокот на сезоната кошаркарот има просек од 20,6 поени и по четири скока и асистенции.

Scroll to Top