Женската ракометна репрезентација на Србија првпат во седум меча успеа да ја победи Црна Гора со епски камбек за 27:25 (14:18) за да ги заддржи шансите за пласман во четврт-финале на Светското првенство во Шпанија. Речиси сигурно таму ќе бидат Норвежанките, кои повторно покажаа нерамноправност на Мундијалот, победувајќи го Порторико со апсолутно неверојатни 43:7.
Јованка Радичевиќ постигна 6 гола во првото полувреме, за Црна Гора да има четири гола предност (18:14) по 30 минути игра, а предноста од три-четири гола ја оддржуваа до самиот финиш на мечот, кога во 53. минута, Србинките стигнуваат до израмнување и минута подоцна до прво водство во мечот.
СП ШПАНИЈА 2021
ГРУПА 1
Србија – Црна Гора 27:25 (14:18)
ГРУПА 2
Норвешка – Порторико 43:7 (21:3)