Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, ги демантираше наводите дека ги започнал преговорите со Реал Мадрид, за да го наследи Зинедин Зидан.
Бразилецот, на прес-конференцијата пред утрешниот дуел на Бразил со Австрија, истакнал дека нема вистина во медиумските ситуации.
„Тоа е лага. Со никого не сум контактирал. Гилмар Велоз, мојот менаџер, исто така не стапил во контакт со никого“, рекол Тите.
„Го работам она што го сакам и се наоѓам на најдоброто можно место. Работам на место што би го посакал секој тренер. Тоа го почитувам и поради тоа сум вознемирен“, дополнил бразилскиот селектор.
Бразил, според прогнозите е најголемиот фаворит за титулата на светското првенство. „Селесао“, СП ќе го отвори против Швајцарија на 17.јуни.