Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен најверојатно по Светското првенство ќе го напушти Тотенхем.
Еден од клучните фудбалери на Тотенхем, во изминатите три сезони и лидерот на данската репрезентација, според шпекулациите кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, иако сериозен интерес за него покажа и Барселона.
Реал на Тотенхем му понудил 100 милиони евра, сума што Спарси ќе ја прифатат. За реализација на трансферот најважна е добрата соработка на тимовите во претходните години.
Реал од Тотенхем ги донесе Герет Бејл и Лука Модриќ.