Кристијано Роналдо имаше интересен разговор со својот ментор и „втор татко“, Сер Алекс Фергусон во видео објавено од Манчестер јунајтед, во кое посочи зошто секогаш ќе го почитува легендарниот шкотски тренер.
Фергусон се потсети на ситуацијата кога Роналдо барал да му се дадат слободни денови за да може да се врати во Португалија да биде со својот болен татко.
„Тешко е да се посочи на еден убав момент, бидејќи имаше многу такви моменти кои ги имавме заедно, не секогаш да се победува, што е најтешко, но во срцето уште го имам тој еден момент. Можеби не треба да го кажувам, но ќе го кажам бидејќи се работи за убава приказна. Се сеќавам еден ден мојот татко беше во болница и бев многу лошо расположен. Зборував со него, и тој ми кажа, не се секирај Кристијано, ќе биде тешко бидејќи имаме клучни натпревари, но те сфаќам, оди види го својот татко. Ова беше најубавиот момент за мене, покрај сите титули, Лига на шампиони, Премиерлига, купови. Како што кажав, сè што кажа за мене, сè исполни“, вели Роналдо.
Фергусон објасни дека некои работи се поважни од фудбалскиот клуб.
„Тоа е од искуство. Бев млад менаџер, имав само 33 години кога едно младо момче дојде во канцеларијата во вторник и ме праша дали може да добие слободен петок. Го прашав: ‘Што ќе ти е’, а тој ми одговори: ‘Мојата мајка почина’. Тоа е тешко. Оттогаш, кога и да дојдеше фудбалер кај мене, го слушав што има да ми каже. Со Кристијано, знаев дека татко му е во болница, и некои работи се поголеми од фудбалски клуб. Никогаш не треба да го ставиш клубот пред своето семејство“, објаснува Фергусон.
Целото видео можете да го погледнете тука.
„
?????? ➡️ ???????
? Watch the unmissable ?????? ???? with Sir Alex and @Cristiano — exclusive to our web and app! ?@TeamViewer ↔️ #BringingYouCloser #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 17, 2021