Top Sport

Џозеф Паркер го доби бруталниот римеч со Чизора

Новозеланѓанецот Џозеф Паркер ја одбрани ВБО интерконтиненталната титула во тешка категорија, откако го победи на поени Дерек Чизора во римеч во „АО арената“ во Манчестер, за повторно да влезе во тесниот круг на кандидати за големите титули во тешка категорија.

29-годишниот Паркер претходно го победи 37-годишниот Чизора во бруталната битка пред седум месеци, а овојпат беше импресивен, праќајќи го Британецот трипати на подот, но не успевајќи да дојде до нокаут, победувајќи со 115:110, 115:111, 114:112.

„Со Дерек секогаш е војна, и уште еднаш покажа дека е цврст човек кој оди до крај. Почнав силно и го оддржав темпото, сега сум подготвен за поголеми мечеви“, изјави Паркер.

Паркер е поранешен ВБО шампион во тешка категорија, титула која ја загуби од Ентони Џошуа во 2018 година со пораз на поени.

Scroll to Top