Во 11 трки од Светскиот куп во олимписката сезона 2021/22, на 45.45 отсто од трките победи Софија Гоџа! Италијанката, иако учествуваше во осум трки, во дури пет од нив беше победничка, откако триумфираше на супер-џи трката во францускиот ски-центар Вал Д’Изер, каде што вчера победи и во спустот.
29-годишната Италијанка покажа дека е подготвена за злато во брзинските дисциплини на Олимпијадата во Пекинг во февруари, остварувајќи ја својата 16. победа во Светскиот куп. Со стартен број 5, Гоџа беше внимателна на стартот на патеката, за потоа да биде фуриозна и да победи со 0.33 секунди предност пред Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која спречи италијански хет-трик – Елена Куртони беше трета, додека Федерика Брињоне заврши на четвртото место.
Со 16. победа во СК, таа се израмни со легендарната Дебора Компањони, и сега само Брињоне со 17 победи има повеќе триумфи за една италијанска скијачка.
Американката Микаела Шифрин, специјалистката за техичките трки беше фантастична на петтото место, за да го заддржи темпото со Гоџа во генерален пласман. Италијанката има 635 поени на врвот, Шифрин е втора со 570, а Словачката Петра Влхова е далеку на третото место со 340 поени.