Top Sport

Во Дортмунд признаваат дека „почесниот круг“ на Халанд бил необичен

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк признава дека „почесниот круг“ кој го направи Ерлинг Халанд по победата над Гројтер Фирт бил „чуден“, додека генералниот директор на клубот, Ханс-Јоаким Вацке потврди дека Реал Мадрид се заинтересирани за норвешкиот „бомбардер“.

Халанд постигна два гола при 3:1 победата над Фирт минатата недела, за да стигне до 13 гола оваа сезона во Бундеслигата, но ова беше во сенка со поздравите кои ги имаше со публиката по крајот на мечот што многумина го протолкуваа како збогување со навивачите на „милионерите“ пред јануарскиот преоден рок.

Цорк признава дека однесувањето на 21-годишниот Халанд било бизарно, но не гледа порака во тоа.

„Ги видов фотографиите по тој меч. Изгледаше малку чудно, но е мислам дека беше нешто намерно. Зборував со него накратко и тоа не е проблем за тимот. Го прашав ‘Што е ова?’, и тој ми одговори ништо, така што работата е средена“, вели Цорк.

Во исто време Вацке признава дека Мадрид го посакуваат Халанд на „Сантијаго Бернабеу“.

„Знам дека Реал Мадрид се многу заинтересирани. Би можел да кажам уште 25 клуба, но за Реал знам сигурно. Во Шпанија фудбалот ќе му одговара повеќе од тој во Англија. Со неговиот агент Мино Рајола зборував неодамна, и бевме пријателски расположени. Ќе зборуваме повторно. Ако остане со нас, ќе има повеќе евра за него“, вели Вацке за „Билд“.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top