Top Sport

Бошко Ѓуровски: Тито ни го смени презимето од -ИЌ на -СКИ!

Македонската фудбалска легенда Бошко Ѓуровски во интересно интервју за српски „Курир“ открива дека по наредба на Тито и комунистите неговото презиме е сменето од -ИЌ на -СКИ, односно дека татко му се презивал Стојановиќ.

„Нашето изворно презиме по татко беше Стојановиќ. А по мајка, Петровиќ. И мојот дедо Никола го носеше тоа име. Кога моите пристигнаа во Македонија, тогаш се случуваа некои работи. Како да ви објаснам, такво време беше. Тито и неговите соработници вршеле притисок на народот да се зема презиме по некој предок и да се додаде -ски на крајот, наместо -иќ. Мојот прадедо беше Ѓура, и по него го прифативме презимето Ѓуровски“, открива Ѓуровски, кој има 7 настапи за македонската репрезентација.

Scroll to Top