Белгискиот кик-боксер Фредерик Синатра почина на 41 година како последица од Ковид 19.
Синатра не бил вакциниран, а за короната сметал дека е „мал вирус“. Активно се борел против мерките што ги воведува белгиската Влада.
Неговиот тренер Осман Јигин ја потврдил информацијата за тамошните медиуми, затоа што токму тој го одвел кик-боксерот во болница на крајот на минатиот месец, кога неговиот ковид-тест бил позитивен.
Синатра објави и неколку фотографии од болницата, а потоа на своја одговорност заминал дома, одлучил сам да се лекува. Неколку дена потоа починал.
Frederic ‘The Undertaker’ Sinistra, an unvaccinated world champion kickboxer, has died from complications caused by COVID-19 just weeks after he discharged himself from the hospital. https://t.co/NjtOfveU5s
— The Daily Beast (@thedailybeast) December 20, 2021