По само вкупно 130 минути игра во француската Лига 1, се случи неизбежното – Серхио Рамос доби црвен картон на гостувањето во студениот Лориен, а Пари Сен-Жермен со Лео Меси, но без Килијан Мбапе им беше потребен гол во 92. минута од мечот за да извлече 1:1 реми.
Томас Монконду по фантастичната акција на домаќините во 40. минута постигна прекрасен гол, на кој Кејлор Навас немаше одговор.
Рамос, кој влезе во второто полувреме, успеа да добие два картони за четири минути (81. и 85.), за да му биде покажан патот во соблекувалната, по што Икарди во 91. минута донесе поен за ПСЖ. Ова е фантастичен 27. црвен картон во кариерата на шпанскиот ветеран.
Ремито не е многу важно, бидејќи ПСЖ останува на 13 поени предност пред второпласираната Ница.