Top Sport

Дали се врати „стариот“ Азар? Настапот против Атлетик го изненади и Анчелоти

Еден Азар уште има фудбал во нозете, коментираат фудбалските фанови на социјалните мрежи по неговиот можеби најдобар натпревар во дресот на Реал Мадрид вчера против Атлетико Билбао, каде што „кралевите“ стигнаа до 2:1 победа со двата голан а Карим Бензема.

Тренерот Карло Анчелоти, кој претходно изјавуваше дека Азар нема да игра бидејќи тој така одлучил, сега му даде втор старт во низа на Белгиецот и по мечот изјави: „Тој се врати“. Видео-хајлајтсот од мечот го покажува Азар како постојана закана за одбраната на Билбао и покажа дека не го загубил осетот за додавање, а интересно играше и во одбраната.

Аннчелоти се согласува.

„Тој работеше за тимот. Вистина е дека уште има сомнежи околу физичката подготвеност, но овојпат беше навистина добар. Во второто полувреме покажа и иновативност и се согласувам дека се врати. Сфати што треба да прави за тимот“, вели Анчелоти.

И покрај острите зборови, италијанскиот тренер му даде шанса на Азар во 12 од 19 лигашки мечеви на Реал оваа сезона.

Scroll to Top