Француската фудбалска федерација (ФФФ) реши да ги исфрли второлигашот Париз ФЦ и прволигашот Лион од Купот на Франција и да забрани на Лион да носи гостувачки навивачи цела сезона, откако нивниот меч беше откажан на полувреме поради тепачка на двете навивачки групи.
На 17 декември мечот беше откажан поради влегување на публиката на терен, тепачка на трибините и фрлање на пиротехнички материјали на теренот. Двата клуба се обвинуваа меѓусебно за скандалот на стадионот „Шарлети“ во Париз.
Париз добија казна од 10.000 евра и мораат пет меча да играат надвор од својот стадион, додека Лион доби 50.000 евра и забрана за гостински фанови во мечевите од Лига 1. Доколку се повторат проблемите, Лион ќе биде исфрлен од Купот на Франција и во 2022/23. Лион исто така ќе треба да ја платат штетата направена на стадионот во Париз.
Décisions de la Commission de Discipline de la FFF concernant les incidents survenus lors de Paris FC-Olympique Lyonnais, comptant pour les 32èmes de finale de #CoupeDeFrance.https://t.co/2cgN4ggpLm
— Coupe de France (@coupedefrance) December 27, 2021
Нов хаос на француските стадиони – прекинат мечот Париз-Лион