Супер-Марио Балотели повторно се подготвува да прославува Нова Година на за него најдобриот начин – со многу петарди и пиротехника, откако на Инстаграм објави приказна во која има повеќе пакети во својот гепек на автомобилот и не изддржа да не го „пецне“ својот поранешен клуб, Манчестер сити порачувајќи им дека се подготвени.
31-годишниот италијански фудбалер на Адана Демирспор, оваа сезона се врати во форма со 7 гола и 2 асистенции во 18 настапи откако лани одигра половина сезона за италијанскиот второлигаш Монца.
Во 2011 година, кога беше фудбалер на Сити, тој „славно“ пушти петарди и пиротехника во тоалетот на неговата изнајмена куќа во Чешир пред дербито со Манчестер јунајтед, по што предизвика пожар и мораше да бега од куќата. Сити тогаш го примора да стане „амбасадор“ за промоција на безбедноста од пиротехника.