Египетскиот репрезентативец на Астон вила со прекар Трезеге го имаше убедливо најзасрамувачкиот обид за „глумење“ овој викенд во Премиерлигата во финишот на 2:1 поразот од Брентфорд, а дел од навивачите сметаат дека мора да биде казнет за вакво однесување.
Во финишот на мечот, кога Вила се обидуваше да дојде до гол и поен, 27-годишниот Трезеге се обидуваше да го помине Иранецот Сама Годос, по што откако го фати за дресот се фрли театрално наназад и го покри лицето. Можеби од срам.
Embarrassing by Trezeguet! Just ban him for 3 games. Retrospective action. Simple. What a clown. ??♂️ pic.twitter.com/1rn2MBu9Ok
— Grovesy (@Grov_esy) January 2, 2022