Српската ракометна репрезентација се наоѓа во големи проблеми пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако ги прекина тренинзите по четири нови позитивни тестови на КОВИД-19.
Стеван Сретеновиќ, Илија Абутовиќ, Драган Пешмалбек и Немања Зеленовиќ покажале позитивни тестови и иако се чувствуваат добро, се приклучуваат на веќе отсутните Владимир Цупара и Богдан Радивојевиќ, и селекторот Тони Џерона и неговите помошици Димитрије Пејановиќ, Петар Радуловиќ и Милорад Кривокапиќ.
Европското првенство почнува на 13 јануари, а Србите се во тешка група со Франција, Хрватска и Украина.