Белгија последна пристигна на СП во Русија. Во текот на вчерашниот ден Белгијците одржаа отворен тренинг. Пред околу 300 навивачи, атмосферата ја расипа ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне, со стартот врз Аднан Јанузај.
Во еден момент Де Брујне премногу остро влезе во Јанузај, по што крилниот напаѓач на Реал Сосиедад го напушти теренот:
„Ова не е ОК Кевин“, дофрлале присутните на белгискиот тренинг, додека Де Брујне се оддалечувал од местото без да погледне и да му се извини на соиграчот.
Според белгиските новинари Де Брујне подоцна му се извинил на Јанузај.
„Добро ние секогаш работиме со голем интензитет. Момците на тренинзите работат како да се во прашање натпревари“, рекол селекторот Роберто Мартинез.
Белгија на СП се наоѓа во група со Англија, Панама и Тунис.