Зинедин Зидан, најдоцна во јуни, ќе стане предводник на ПСЖ, тврди Радио Монте Карло.
Според овој медиум, Маурицио Покетино ги потрошил сите кредити, атмосферата во соблекувалната е лоша и прашање на денот е кога Аргентинецот ќе доби отказ.
Доколку успее да ја задржи работата до крајот на сезоната, тогаш во летниот период сигурно ќе биде отпуштен.
Даниел Риоло, новинар кој прв го најави трансферот на Лионел Меси во ПСЖ, објави дека дури и да ја освои титулата во Лигата на шампионите, Покетино ќе добие отказ, а на неговото место ќе дојсе Зидан.
Во ПСЖ сметале дека со Зидан како тренер полесно ќе го убедат Килијан Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“.
Зинедин Зидан е без работа од завршувањето на минатата сезона, кога втор пат во кариерата го напушти Реал.