Борусија Дортмунд во драматичен меч се врати од 2:0 негатива за 3:2 победа на гости кај Ајнтрахт Франкфурт за да го искористи вчерашниот пораз на Баерн Минхен од Борусија Менхенгладбах и да се доближи на шест поени од нив.
Колумбиецот Рафаел Боре имаше фантастичен старт за Ајнтрахт, откако постигна два гола за девет минути (во 15. и 24. минута) за водство на домаќините. Борусија успеа да врати еден гол преку Торген Азар во 71. минута, пред англискиот талент Џуд Белингем да израмни во 87. минута од мечот, за само две минути подоцна Махмуд Дау да го постигне победничкиот гол за „милионерите“.
Борусија сега има 37 поени, шест зад Баерн и шест пред Хофенхајм, додека Ајнтрахт се седми со 27 поени.
GOL DE DAHOUD ! BORUSSIA DORTMUND VIRA O JOGO CONTRA O FRANKFURT #SGEBVB pic.twitter.com/VpnRtPG0KY
— Sala12 (Reserva) (@Sala12BR) January 8, 2022