Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз, побарала дополнително време за да се подготви за сослушувањето во врска со визата на Новак Ѓоковиќ. Според локалните медиуми, барањето ја покажува фрустрацијата на федералната Влада.
Новак Ѓоковиќ, на полноќ по средно-европско време (10 часот по локално време) , ќе се појави пред Федералниот суд во Мелбурн.
Барањето на министерката Ендјуз, како што објави „Хералд сан“, во саботата, побарала сослушувањето да биде одржано во среда, по локално време. Барањето веднаш го обжалиле адвокатите на Ѓоковиќ..Судијата задолжен за овој случај го одбил барањето на министерката.
Главниот адвокат на фирмата „Томсон Гир“, Џастин Квил, рекол дека оовј потег на министерката е „дополнително кревање на врева“ бидејќи „властите очекуваат да бидат поразени во овој спор“.
Медиумите појаснуваат дека министерката Ендрјуз, поднела барање за одложување на сослушувањето, откако адвокатите на Ѓоковиќ, во саботата поднеле уште еден доказ до судот.
Правниот тим на Ѓоковиќ тврди дека тој ги исполнил сите услови за влез во Австралија, но дека државата не го спровела процесот на вистински начин.