Top Sport

Храбра игра на Македонија, но победата отиде кај Словенците

Македонската ракометна репрезентација, со Кирил Лазаров само на клупата по повредата која ја доби, не успеа да направи изненадување и да ја совлада фаворизираната Словенија, губејќи со 25:27 (10:13) во првиот меч од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Иако поените отидоа кај Словенците, македонскиот тим не разочара со играта и без искусниот Лазаров и Митревски на голот, добивајќи значајно искуство на подмладениот тим.

Македонија имаше одличен старт во „Феникс арената“ во Дебрецен, поведувајќи со 3:0 и со 4:1, предводени од одличниот Мартин Томовски на голот, но Словенците се вратија и направија пресврт за 7:4 водство. Сепак, повторно успеавме да се вратиме за 8:8 израмнување, пред во финишот на првото полувреме искуството на Словенците да се покаже и тие да заминат со 13:10 на одмор.

Оваа предност беше недостижна во второто полувреме, иако неколку пати бевме блиску до израмнување, така што сега шансата за втора рунда ќе ја бараме во дуелот со Црна Гора, која вечерва го отвора својот шампионат со меч со фаворитот Данска.

Фото: Ројтерс

ЕХФ ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА

ГРУПА А

Македонија – Словенија 25:27 (10:13)

ГРУПА Ц

Србија – Украина 31:23 (17:11)

ГРУПА Е

Шпанија – Чешка 28:26 (14:11)

ГРУПА Ф

Русија – Литванија 29:27 (14:9)

Scroll to Top