Top Sport

Најскапи напаѓачи над 30 години се Кристијано, Батистута и Крис Вуд!

Њукасл јунајтед денеска го потврди трансферот на Новозеланѓанецот Крис Вуд од Барнли за 30 милиони фунти, со што тој влезе во топ 3 на најскапите напаѓачи над 30 години во историјата!

Вуд има 3 гола во 17 настапи оваа сезона, но Њукасл ја плати неговата откупна клаузула од 30 милиони евра, за да влезе во историјата како трет најскап 30-годишен напаѓач во историјата по Кристијано Роналдо и Габриел Омар Батистута. Јувентус платија 117 милиони евра за Роналдо за трансфер од Реал Мадрид на 33 години, додека Батистута го комплетираше трансферот од Фиорентина во Рома во 2000 за 36.2 милиони евра во 2000-та.

Елитно друштво за фудбалерот од Нов Зеланд.

ТОП 10 НАЈСКАПИ НАПАЃАЧИ НАД 30 ГОДИНИ

1.Кристијано Роналдо – 117 милиони евра, Реал Мадрид-Јувентус, 2018/19, 33 години

2.Габриел Батистута – 36.2 милиони евра, Фиорентина-Рома, 2000/01, 30 години

3.Крис Вуд – 30 милиони евра, Барнли-Њукасл, 2021/22, 30 години

4.Антони Модесте – 29 милиони евра, Келн-ТЏ Тијанхаи, 2018/19, 30 години

5.Диего Милито – 28 милиони евра, Џенова-Интер, 2009/10, 30 години

6.Самуел Ето – 27 милиони евра, Интер-Анжи, 2011/12, 30 години

7.Марко Арнаутовиќ – 25 милиони евра, Вест хем-Шангај СИПГ, 2019/20, 30 години

8.Никола Калиниќ – 22.5 милиони евра, Фиорентина-Милан, 2018/19, 31 година

9.Златан Ибрахимовиќ – 21 милиони евра, Милан-ПСЖ, 2012/13, 31 година

10.Оливие Жиру – 17 милиони евра, Арсенал-Челси, 2017/18, 31 година

Scroll to Top