Top Sport

Кутињо: Ми недостасуваше Премиерлигата!

Филипе Кутињо призна дека е среќен што се вратил во Премиерлигата, откако го одбележа своето деби за Астон вила со израмнувачки гол при 2:2 ремито со Манчестер јунајтед, неколку дена откако пристигна од Барселона.

„Ми недостасуваа вакви натпревари и Премиерлигата. Среќен сум што сум тука со новите соиграчи. Ова беше добар старт, бидејќи верувавме во добар резултат до крајот. Малку бев нервозен, а бидејќи не зборувам најдобро англиски, подобро своето да го кажувам на теренот. Сакам да работам напорно и да бидам во подобра форма“, вели Кутињо.

Ова беше совршен старт за Бразилецот кој помина четири лоши години во Барселона, од кои во 2019/20 беше на позајмица во Баерн Минхен, откако пристигна во Барса од Ливерпул како еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата, но беше големо разочарување во Каталонија.

„Да, имаше многу проблеми, но тоа е во минатото. Сега сум тука и фокусиран сум на целите на клубот и на менаџерот и сакам да завршам добра работа“, додава Кутињо.

Scroll to Top