Машкиот дел од турнирот на Австралија опен започна со големо изненадување. Дебитантот во Мелбурн, Себастијан Корда, го елиминираше 12.носител Камерон Нори.
Американецот, буквално го декласира Британецот. Победи во три сета со 6/3, 6/0, 6/4. Во второто коло Корда за противник ќе има тенисер од Франција. Негов ривал ќе биде Корентан Муте или Лука Пуи.
Експресно до второто коло стигна и шестиот носител, Рафаел Надал. Шпанецот го победи Американецот Маркос Гирон со 6/1, 6/4, 6/2.
Најдраматичен меч одиграа Душан Лајовиќ и Мартон Фучовиќ. Србинот победи во пет сета со 6/3, 4/6, 6/1, 6/7, 6/1.
Во наредната рунда Лајовиќ ќе игра против талентираниот Шпанец, Карлос Алкарас.