Рускиот гигант ЦСКА Москва мораше да се извинува по неверојатната презентација на нивното ново засилување, турскиот репрезентативец Јусуф Јазиџи од францускиот Лил, откако му ветија „многу Наташи“ во Русија.
ЦСКА, кои се четврти на табелата во Руската Премиерлига, го донесоа Јазиџи на позајмица, но фудбалерот од средниот ред се најде во центар на контроверзи без негова вина, откако ЦСКА решија да направат шега со наводниот разговор меѓу клубот и фудбалерот.
Во овој „лажен“ разговор откако неколку пати 24-годишниот Јазиџи не одговара на барањето за договор, ЦСКА пишува: „Јусуф, ова е Русија, тука имаме многу Наташи“, по што тој наводно одговара: „За пет минути, доаѓам“.
Иако постот беше ибришан бргу, руската јавност реагираше бурно, а одговорната на ТВ станицата на ЦСКА, Катерина Кирилчева мораше јавно да се извинува за неуспешниот обид да бидат интересни.
CSKA TV editor-in-chief Katerina Kirilcheva's statement on the video which was published today across club's social media pic.twitter.com/AXa2TTgdSM
— PFC CSKA Moscow (@PFCCSKA_en) January 19, 2022