Играчот на Барселона, Оскар Мингеса, по се изгледа до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Валенсија. Клубот од „Местаља“, до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го донесе и Окај Јокушлу од Селта.
Оскар Мингеса е еден од фудбалерите кои добија шанса кај Роналд Куман. Со заминување на Холанѓанецот, Мунгеса, пад на в втор план кај новиот тренер.
Чеви, му порачал на централниот дефанзивец, дека за не го најдобро ќе биде да избере клуб каде што ќе добие шанса да игра.
Негови избор е Валенсија. Не е јасно само дали Валенсија ќе има обврска да го откупи по завршувањето на сезоната.
Исто така, Валенсија, работи и на трансферот на Јокушлу. Турчинот игра малку оваа сезона, поради што Селта нема да се противи на неговиот трансфер. Јокушлу треба да биде замена за Даниел Вас, кој го договори трансферот во Атлетико Мадрид.