На денешен ден пред две години во Лос Анџелес, во хеликоптерска несреќа загина еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Покрај легендарниот кошаркар, во несреќата во месноста Калабасас, загинаа и неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.
Коби Брајант комплетната кариера ја мина во Лос Анџелес Лејкерс (1996-2016). Со „езерџиите“ освои пет шампионски титули, еднаш бил МВП на сезоната, два пати МВП на финалната серија, 18 пати учествувал на Ол-стар натпреварите.
Лејкерси, минатата година, на свечена церемонија, ги повлекоа „8“ и „24“, што е единствен случај во историјата на НБА. Рекордот во кариерата го остваврил во 2006 година, кога против Торонто Репторс постигна 81 поен. На вечната листа пред него е само Вилт Чембрлен, со 100 поени на еден натпревар.
Брајант е четвртиот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата со 33.643 поени. Кариерата ја заврши со просек од 25 поени, 5,2 скока и 4,7 асистенции.
Со репрезентацијата на САД бил олимписки шампион во 2008 и 2012 година.
Постхумно, во 2021 година, стана член на Куќата на славните во Спрингфилд.