Тотенхем се на добра пат да станат најголемите лузери во зимскиот преоден рок. Откако, Барселона им го расипа веќе договорениот трансфер на Адам Траоре од Вулверхемптон, истото ќе им го направи и Ливерпул со напаѓачот на Порто, Луис Дијаз.
Портоа ја одби понудата од 45.000.000 евра за Колумбиецот, но како што стојат работите позитивно ќе одговорат на понудата од Ливерпул. „Црвените“, како што тврди новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, нудат 60.000.000 евра за Луис Дијаз.
Јирген Клоп, долго време го следи Колумбиецот, сметал дека тој може да биде идеална замена за едена од двете големи ѕвезди, Садио Мане и Мохамед Слах. Голема е веројатноста дека еден од овие двајца по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ливерпул.
Според Орнштајн, Луис Дијаз со задоволство би се преселил на „Енфилд“. Сметал дека со Ливерпул полесно може да ги оствари амбициите него со Тотенхем.
Преодниот рок во Англија трае до понеделник.