Top Sport

Рома ангажираа поранешен судија да биде „советник“ за ВАР!

Рома на Жозе Мурињо доби необично засилување во јануарскиот преоден рок – поранешен фудбалски судија. „Волчицата“ го ангажирала поранешниот италијански судија Џанпаоло Калварезе за да биде „советник“ на клубот околу судењето, а посебно околу ВАР системот.

Оваа одлука доаѓа откако Мурињо честопати се жалеше на одлуките на судиите оваа сезона, посебно за користењето на ВАР системот, односно за премногу реткото користење на видео-снимките.

Калварезе нема да работи само со тимот на Мурињо, туку и со женскиот тим на Рома, како и со младинскиот „Примавера“ тим на „волчицата“.

Калварезе по повлекувањето од судиската работа беше аналитичар на „Амазон прајм“ за мечевите од Лигата на шампионите.

Scroll to Top