Top Sport

Тотенхем ги потврдија Кулушевски и Бентанкур

Јувентус и Тотенхем ги потврдија договорите за Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур, кои ќе се „пробаат“ во Премиерлигата – Швеѓанецот со македонско потекло како позајмен фудбалер, додека Бентанкур се сели со постојан трансфер.

21-годишниот Кулушевски, кој разочара во Јувентус по големите очекувања по трансферот од Аталанта, ќе биде засилување за тимот на Антонио Конте во борбата за топ 4 пласман. Тој оди во Тотенхем на 18-месечна позајмица со обврска за купување – „бјанконерите“ ќе добијат 3 милиони евра оваа сезона, 7 милиони евра следната, а клаузулата за откуп е 35 милиони евра. Кулушевски имаше 27 настапи оваа сезона за Јувентус, постигнувајќи два гола и три асистенции.

24-годишниот Бентанкур доаѓа на постојан трансфер за 19 милиони евра (кои ќе бидат исплатени следните три години) плус бонуси од 6 милиони евра. Бентанкур, слично како Кулушевски играше доста под Алегри, но тој не беше импресиониран и го замени со Денис Закарија, кој пристигнува од Борусија Менхенгладбах.

Scroll to Top