Мохамед Салах и Садио Мане, двајцата клучни играчи во нападот на Ливерпул, овојпат ќе бидат лути ривали кога нивните репрезентации Египет и Сенегал ќе се сретнат во финалето на Африканскиот куп на нации.
Ваков епилог доаѓа по драматичното второ полуфинале од континенталниот шампионат, во кое Египет по пенал-серијата ги елиминираше домаќините Камерун, благодарение на фантастичниот голман на „фараоните“, Габаски, кој одбрани два пенали на противникот, а третиот Камерунците сами го утнаа.
Во меч со малку шанси, Камерун требаше да биде фаворит, но најсериозните шанси ги имаа Египќаните, но по 90 минути, и потоа по две продолженија, немаше гол.
Камерун ќе мора да се утеши со дуел за бронзениот медал на турнирот против Буркина Фасо, додека Египет ќе оди на титула.