Top Sport

Мајер ја одбрани олимписката титула во супер-џи

Матијас Мајер ја одбрани олимписката титула во супер-џи. Австриецот победи на патеката „Рок“, на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Во исклучително возбудлива трка, Мајер победи со време 1:19,94 минути. За него ова е втор медал во Пекинг, откако пред два дена освои бронза во спуст. Само четири стотинки зад Мајер, беше младиот Американец, Рајан Кохрејн-Зигл.

Рајан во Пекинг ја продолжи семејната традиција, неговата мајка Барбара е олимписка шампионка во слалом од 1972 година.

Бронзата ја освои Норвежанецот, Александар Омот Килде. Лидерот во светскиот куп во супер-џи, од Мајер имаше послабо време за 42 стотинки.

Матијас Мајер, со златото во Пекинг, влезе во олимписката историја. Тој е првиот маж со три златни медали на олимпијади по ред. Покрај златните медали во супер-џи, во Пекинг и Пјончанг, во Сочи во 2014 година тој победи во спуст.

Кај дамите ваков подвиг остварила само Дебора Компањони од Италија.

 

Scroll to Top