Лука Дончиќ ја обележа ноќта во НБА лигата. Словенецот постигна 51 поен, во победата на Далас над ЛА Клиперс од 110:103. Ѕвездата на Далас стана рекордер во НБА, кога се во прашање кошаркарите од просторите на поранешна Југославија. Досегашниот рекордер со 50 поени беше Никола Јокиќ.
Дончиќ од игра шутираше 17/26, погоди седум тројки од 14 обиди. Словенецот блескаше во првата четвртина кога постигна 28 поени. Во овој период од натпреварот тој ги постигна седумтте тројки.
Дончиќ сега ја предводи листата на играи од поранешна Југославија. Зад него се Јокиќ со 50 поени, Србинот има и два натпревари со по 47 поени, а тука се и Дражан Петровиќ и Бојан Богдановиќ (двајцата по 44 поени), Пеѓа Стојаковиќ (42), колку што до мечот со Клиперс беше и рекордот на Дончиќ, Никола Вучевиќ (41), Горан Драгиќ (40).
Дончиќ е четвртиот играч на Далас со 50+1 поени на еден натпревар. Претходно тоа го направиле Дирк Новицки, Џамал Мешбурн и Џим Џекосн.