Зинедин Зидан при посетата на својот роден град Марсеј доби предупредување од навивачите на Олимпик Марсеј да не помислува да потпише за лутите ривали Пари Сен-Жермен.
Легендарниот француски фудбалер и тренер нема работено во Франција од времето кога замина од Бордо во Јувентус на врвот на својата кариера, и шпекулациите велат дека ќе биде прв кандидат за тренер на ПСЖ ако замине Маурисио Почетино
Кога пристигна во Марсеј, тој доби повици од фановите: „Фала ти Зизу, не оди во Париз, Зидан!“.
Зидан е роден и израснат во Марсеј, но никогаш не заигра за Олимпик, бидејќи почна да работи преку академијата на Кан, пред да премине во Бордо. Најголемите успеси ги постигна во Јувентус во Италија и во Реал Мадрид во Шпанија, пред да стане тренер на „Лос бланкос“.
? "Merci Zizou! Va pas à Paris Zidane!"
La Castellane fête le retour de Zinedine Zidane et lui fait passer un message… pic.twitter.com/a5DKSo0pHo
— BFM Marseille Provence (@BFMMarseille) February 11, 2022