Ромелу Лукаку повторно е главна тема на британските таблоиди, откако пред утрешното финале од Светското клупско првенство против бразилскиот Палмеирас прати интересна порака на социјалните мрежи, само месец дена по контроверзното интервју со „Скај спортс Италија“ во кое го критикуваше Томас Тухел и изјави дека му недостасува Интер.
„Ако треба со сила, тогаш најверојатно не се вклопува“, напиша Белгиецот на својот „Снепчет“ акаунт, по што „Дејли мејл“ и „Сан“ тврдеа дека се работи за „прикриена“ порака до клубот.
Лукаку во јануари мораше да се извинува на навивачите за интервјуто, велејќи дека ќе го даде максимумот за клубот и ќе ги оправда рекордните 97.5 милиони фунти кои ги платија „сините“. По извинувањето, тој беше стартер во последните осум натпревари на Челси, постигнувајќи еден гол против Честерфилд во третото коло на ФА купот и против Ал-Хилал во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Romelu Lukaku's cryptic Snapchat post hints at even more problems at Chelseahttps://t.co/cSKeiM2Edb pic.twitter.com/qtbomRL14H
— Mirror Football (@MirrorFootball) February 11, 2022