Роберт Левандовски постигнува гол веќе во 9. минута… Кога меч започнува вака, вообичаено се работи за висока победа на Баерн Минхен во Бундеслигата. Но, не и во саботата на „Рустадион“ во Бохум, откако домаќините одговорија со неверојатни четири гола до крајот на полувремето да запечатат 4:2 победа која сигурно долго ќе ја паметат.
Само пет минути подоцна, Кристофер Антви-Аџеи израмни на 1:1, во 38. минута тие стигнаа до водство со голот од пенал преку Јирген Локадија, за да го нокаутираат тимот на Јулијан Нагелсман до крајот на полувремето – прво со фантастичниот гол на Кристијан Гамбоа во 40. минута, за во 44. минута да биде неверојатни 4:1 преку Холтман. Левандовски со својот втор гол во 75. минута само го намали шокантниот пораз.
Секако, Баерн останува лидер во Бундеслигата со девет поени пред Борусија Дортмунд, кои утре играат со Унион Берлин. Ова беше инаку прв пат Баерн да примат четири гола во едно полувреме во Бундеслигата од 1975 година, кога загубија со 6:0 од Ајнтрахт Франкфурт.
БУНДЕСЛИГА, 22.КОЛО
Бохум – Баерн Минхен 4:2
Борусија Менхенгладбах – Аугзбург 3:2
Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург 0:2
Фрајбург – Мајнц 1:1
Гројтер Фирт – Херта Берлин 2:1