Финскиот фристајл скијач Јон Салинен го „украде“ шоуто во халфпајп квалификациите во четвртокот, не поради неговата умешност, туку поради опасната средба со еден камерман.
Скијачот беше на половина од својата трка, кога ја загуби контролата, дојде преблиску до снежиот ѕид и со скијата го удри камерманот, кој пак стоеше преблиску до патеката за фати атрактива фотографија.
По инцидентот, Салинен заврши како последен од 23-те натпреварувачи, и не успеа да влезе во финалето, каде што влегоа 12 скијачи.
⚠️ Watch out for the cameraperson! ?
Does Jon Sallinen owe them a new camera? ??#Beijing2022 pic.twitter.com/0la1rF5kmD
— Eurosport (@eurosport) February 17, 2022